ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави буџет од 4 милијарди евра
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека подготвува, како што велат, мегаломански буџет од 4 милијарди евра.
„Криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев го подготвува најмегаломанскиот буџет во историјата на Република Македонија, тежок 4 милијарди евра. Додека беше во опозиција критикуваше дека буџетот бил преголем, ветувајќи дека ќе го намалел и ќе ги крател задолжувањата. Заев излжа. Долговите постојано се зголемуваат, капитални инвестиции нема, а никој не знае на што ќе се трошат парите“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.