Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје
![Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје](https://gdb.rferl.org/529C871A-32B6-4207-B86D-63606F1F4059_w800_h450.jpg)
Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија, како што е најавено, ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. На заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и претседателот на Северна Македонија ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.