Рамчиловиќ е избран за нов потпретседател на Собранието
Зеќир Рамчиловиќ е избран за нов потпретседател на Собранието. За него гласаа 62 пратеници, а против беа 12 законодавци.
Зеќир Рамчиловиќ до почетокот на месецов беше дел од осумтемина Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за промена на Уставот. Тој на 1 ноември писмено го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.
Потоа пратеници од ДУИ и СДСМ го предложија да биде нов потпретседател на Законодавниот дом. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.