Венеција под вода, брановите на рекордно ниво во последните 50 години
![Венеција под вода, брановите на рекордно ниво во последните 50 години](https://gdb.rferl.org/8653E423-8C3D-4A0E-9B41-826C3A1ACB10_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Венеција се соочува со најголемата поплава во последните 50 години. Брановите синоќа достигнале 187 сантиметри, поплавувајќи скоро 90 проценти од градот и го активираше алармот за поплави, соопшти денеска италијанскиот Центар за набљудување на плимата и осеката. Највисокото ниво досега забележано е 198 сантиметри во 1966 година.
Властите соопштија дека еден човек загинал, но не ја соопштија причината, а италијанските медиуми објавија дека човекот загинал од струен удар кога водата навлегла во неговиот дом.
Познатата базилика Свети Марко е поплавена, предизвикувајќи грижи за оштетувањето на мозаиците и другите уметнички дела. Плоштадот на кој се наоѓа црквата се наоѓа во еден од најниските делови на градот.
Официјалните лица за денеска предвидуваат нов голем бран. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ги обвини климатските промени за „драматичната состојба“.