Започна првото јавно сослушување за импичмент на Трамп
Демократите и републиканците го започнаа јавното сослушување како дел од истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп.
Сесијата ја отвори со обраќање претседавачот со Комитетот за разузнавање при Претставничкиот дом, Адам Шиф, кој во јавноста се наметна како главното лице на демократите кои бараат да се утврди дали Трамп ја злоупотребил својата должност, барајќи од друга држава да спроведе истрага од која би можел политички да профитира, како и да се дали ја изнудувал или ја уценувал Украина.
„ Во 2014 година сојузникот на САД, Украина беше нападната од Русија, со цел да ја оттурна од Западот и да се исполни желбата на претседателот Владимир Путин за обнова на руската империја. Во следните години загинаа над 14 илјади војници кои се бореа со супериорните руски сили. Одговорите кои ќе излезат од ова сослушување ќе покажат дали Трамп ја искористил ранливоста наУкраина и ја поканил да се вмеша во американските избори “ истакна Шиф во своето обраќање.
„Ако ова не е за отповикување, тогаш што е? Дали претседателската должност е да го почитува Уставот? “ праша Шиф.
Предвидено есведоците да изнесат воведни излагања а потоа одговараат на прашања.