Заев на средба со шефицата на Мисијата на ММФ во Скопје
Стабилната политичка клима, добрите реформи, зајакнати капацитети на институциите, ефикасна администрација, фискалната стабилност се клучни за развојот на економијата во државава е заклучокот од средбата на премиерот Зоран Заев со шефицата на мисијата на ММФ во земјава Бјорсон Баркбу, се вели владиното соопштение. Во продолжение е наведено дека на средбата Заев ги објаснил мерките што ги презема Владата со цел овозможување мотивирање на економскиот раст.
„Пред нас е важен политички и еконoмски период. Успешните интеграции директно влијаат на поголем интерес на странските инвеститори за вложувања во државата и на охрабрување за инвестирања на домашните мали и средни претпријатија. Како Влада насочени сме кон флексибилчни мерки за сите инвеститори“ изјавил Заев на средбата со претставниците на ММФ кои се во редовна годишна посета, се вели во соопштението од владината прес служба.