Мицкоски - Зголемувањето на платите на наставниците и професорите е лага
Зголемувањето на платите на наставниците и професорите е лага, рече денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вели дека денеска на согласно новиот закон за минимална плата, кој е во собраниска процедура и Колективниот договор на Синдикатот и МОН од 2010 година, платата на наставниците би изнесувала 36.700, а не колку што е предвидено од 1 јануари 2020 година.
Мицкоски во своето објаснување рече дека во моментот просечната плата исплатена заклучно со октомври 2019 година во средното образование е приближно 23.680 денари, а со предвиденото зголемување за 10 отсто од 1 јануари 2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари.
Мицкоски зборуваше за неостварените проекти од Планот за живот во Македонија на СДСМ.