Каталонската активистка Клара Понсати ѝ се предаде на британската полиција
Клара Понсати, поранешната каталонска регионална министерка за образование и една од највлијателните личности меѓу активистите за каталонска независност, ѝ се предаде на британската полиција. За неа Шпанија распиша потерница поради учество во организирањето на референдум за независноста на Каталонија, пренесоа новинските агенции.
62-годишната Понсати, која е професорка по економија во Единбург, треба да биде предадена на судските органи кои ќе одлучуваат за нејзиното условно пуштање на слобода. Шпанските власти ја обвинуваат за обид за сецесија, бидејќи учествувала во составувањето на декларацијата за независност на Каталонија. Таа во Шпанија би можела да биде осудена на 15 години затвор.