Моралес не може да учествува на изборите во Боливија
![Моралес не може да учествува на изборите во Боливија](https://gdb.rferl.org/58F2A76A-3FB2-40FB-90D3-E58A0AB69327_w800_h450.jpg)
Потпретседателката на Сенатот на Боливија Хенин Ањес која се прогласи за претседателка на таа држава изјави дека поранешниот претседател Ево Моралес не може да се кандидира на кои било наредни избори, но оти неговата партија може да го стори тоа. Таа додаде дека Движењето за социјализам на Моралес може да бара други кандидати, но не и поранешниот претседател кој се засолни во Мексико. Моралес во неделата поднесе оставка по неколку месечните масовни демонстрации поради наводната кражба на изборите одржани на 20 октомври.