Анѓушев: Целосно се придружувам до законските прописи
Вицепремиерот Кочо Анѓушев во реакцијата по одлуката на Антикорупциската комисија наведува дека категорично изјавува дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржувал кон почитување на законските прописи.
„Соодветно на тоа и во комуникацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и граѓаните согласно законските прописи“, реагира Анѓушев.
Антикорупциската комисија денеска побара од премиерот Зоран Заев да отвори постапка за утврдување одговорност за носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум-јонски батерии.
Вицепремиерот, како што наведува, не знаелзошто Комисијата поднела таква иницијатива, но ќе се произнесе по одлуката откако ќе ја добие во писмена форма. Тој додава дека до комисијата ги доставиле сите побарани работи, а за намалувањете на царинските стапки за литиум-јонски батерии за акумулатори имал доставено изјава со која се изземал од постапување и одлучување.