Маркон, Путин, Меркел и Зеленски следниот месец во Париз
Француското претседателство соопшти дека Париз следниот месец ќе биде домаќин на самит на кој ќе се разговара за ставање крај на конфликтот во источна Украина. На разговорите што ќе се одржат на 9 декември за првпат лично ќе се сретнат рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски. На состанокот ќе присуствуваат и францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Во судирите меѓу украинските вооружени сили и сепаратистите поддржани од Русија кои почнаа во април 2014 година во регионите Луганск и Донетск досега загинаа повеќе од 13 000 луѓе.