Шест месеци затвор доби таткото на Боки -13
Шест месеци затвори доби Миле Јовановски, сопственик на 1 ТВ и татко на Бојан Јовановски – Боки 13. Тој е осуден за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев. Јовановски на минатото рочиште ја призна вина.
Свештеникот Стојчев може да бара отштета во граѓанска постапка.
Јовановски го нападнал попот и од ударите му го скршил зглобот од левата нога.
Миле Јовановски е осомничен и за перење пари со хуманитарната организација Меѓународен сојуз.