Иранскиот балистички арсенал најголем на Блискиот исток
Иран и покрај меѓународните санкции успеал да развие најпрецизни и најефикасни ракети и неговата балистичка програма е најсилна на Блискиот исток, пред Израел. Ова се наведува во најновиот извештај на Пентагон во кој се додава дека поради недостиг на воздухопловни сили Иран развил сопствени балистички ракети, вклучително и со голем и среден дострел. Висок претставник на Пентагон изјави дека не треба да се укинува ембаргото на оружје кое треба да стапи во сила идната година, според одредбите на иранската нуклеарна спогодба со меѓународните сили од која САД се повлекоа.