Репортери без граници - Српските власти да престанат со нападите до Н1 ТВ
Меѓународната медиумска организација Репортери брз граници ја повика власта во Србија да престане да поддржува и наместо тоа, јавно да ги осуди обидите за заплашување на вработените во Н1 ТВ.
Во соопштението на Репортери без граници се наведува дека Н1 телевизија е единствената голема независна ТВ станица во Србија и дека новинарите од телевизијата во последните недели се изложени на континуирани, систематско клеветнички напади од страна на властите и на медиумите блиски од актуелната власт.
Организацијата потсетува дека во последниот напад мета е новинарот Миодраг Совиљ кој, се обвинува дека „го испратил претседателот Александар Вучиќ во болница“ и како последица на тоа тој е мета на бесот на јавноста.
Во соопштението на Репортери без граници се укажува дека ситуацијата со медиумските слободи во Србија е загрижувачка, потсетувајќи дека во Светскиот индекс на медиумски слободи за 2019, Србија паднала за 14 места и сега се наоѓа на 90 од вкупно 180 места.