Нема времени пасоши за Камчев и Панделески - осомничени во Империја
Осомничените во случајот Империја, Орце Камчев и Цветан Панделески нема да добијат времени пасоши. Од Кривичниот суд денеска соопштија дека не даваат согласност за издавање времени пасоши. Одлуката ја донел судија на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет по добиеното мислење од надлежниот обвинител кој не дава согласност за издавање на бараните пасоши.
Претходно обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ не дала согласност на осомничените Орце Камчев и Цветан Панделески да им се издадат времени пасоши.