Путин: САД сега ја обвинуваат Украина за мешање во изборите
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е задоволен што во политичката борба во Вашингтон оставени се настрана обвинувањата дека Москва се мешала во изборите во САД, пренесува АП.
„Фала му на Бога што веќе нема кон нас обвинувања за мешање во американските избори, сега ја обвинуваат Украина“, изјави Путин на економскиот форум во Москва.
Дел од републиканците ги употребуваат јавните сослушувања во рамки на процесот на отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп во Конгресот да промовираат теории на заговор и кои за мешањето во претседателските избори во 2016 година ја обвинуваат Украина, а не Русија.
Процесот за отповикување на претседателот во Претставничкиот дом на Конгресот беше инициран од демократите, кои тврдат дека Трамп вршел притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да направи истрага на неговиот противник Џозеф Бајден, додека го одложувал доставувањето на воената помош за Киев.