Членките на НАТО остануваат посветени на заемната одбрана
Лидерите на НАТО остануваат посветени на клаузулата за заемна одбрана, се наведува во заедничката декларација, издадена по Самитот со кој се одбележа 70-годишнината од основањето.
Во соопштението се наведува дека остануваат посветени на договорот дека нападот против еден сојузник ќе се смета за напад против сите членки.
Во документот се наведува и потребата да се решаваат „можностите и предизвиците“ кои доаѓаат со растечкото влијание на Кина и меѓународните политики.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по самитот ја откажа планираната прес-конференција. Тој на првиот ден од самитот беше ангажиран на повеќе седници и одговараше на новинарски прашања, а денеска твитна дека по Самитот се враќа во Вашингтон и дека нема да има прес, оти многу направиле изминатите два дена.
Претходно медиумите објавија дека канадскиот претседател Џастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон го озборуваат Доналд Трамп во Бакингемската палата. Пред да го напушти Лондон, Трам рече Трудо е дволичен.
Генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференција рече дека НАТО е „најуспешна алијанса во историјата“, затоа што, како што рече, успеале да се менуваат одново и одново, како се менува светот.
„НАТО е агилен, НАТО е активен, НАТО се прилагодува“, додаде тој.