Вучиќ и Путин во Сочи - Односите се развиваат во позитивен правец
Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека не е оптимист дека може да се постигне позитивен компромис меѓу Белград и Приштина за конечно решение за Косово. Тој му се заблагодари на Путин за принципиелниот став на Русија за Косово.
Вучиќ и Путин се состанаа денеска во Сочи, а за време на заедничката прес-конференција го нагласија унапредувањето на соработката меѓу двете земји на економски и на политички план, како и во областа на одбраната. На состанокот тие зборувале и за Косово и за ситуацијата во Западен Балкан.
Путин рече дека односите меѓу двете земји се развиваат во позитивен правец, а стратешкото партнерство пред сè се однесува на полето на политиката и одбраната.
Кремљ претходно соопшти дека оваа посета на Вучиќ е долгоочекувана и важна.
Вучиќ пред останокот рече дека односите со Русија се пријателски, братски и дека ако Србија може на некого да се потрпе во меѓународната арена, тоа е Русија, но и дека Русија може да се потпре на Србија.