Шпанија- втора жртва во експлозијата во хемиската фабрика
Пожарникарите пронашле уште едно тело на втора жртва од силната експлозија која предизвика и пожар во хемиска фабрика во североисточна Шпанија, јавува агенцијата Ројтерс. Во експлозијата во Тарагона, која се случи вчера, покрај двајцата загинати има и осум повредени, соопштија спасувачки служби.
Канцеларијата на премиерот Педро Санчес соопшти дека се во контакт со властите во Каталонија и дека Мадрид е спремен да ја обезбеди неопходната помош за овој сериозен инцидент.
Цивилната агенција за одбрана,пак, која првично ги советуваше луѓето кои живеат во околина на фабриката, превентивно да не излегуваат надвор, сега вели дека тестовите на квалитетот на воздухот спроведени денеска покажуваат дека нема никаков ризик.