Путин: треба да се направи повеќе за зголемување на наталитетот
Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата во парламентот се фокусираше главно на домашни прашања, вклучително и мерките за справување со нискиот наталитет во Русија.
Во денешниот говор во дводомниот парламент Путин рече дека властите треба да направат повеќе за да го зголемат наталитетот и да ги поддржат младите семејства. Рускиот претседател рече и дека ниските приходи се пречка за зголемување на популацијата, додавајќи дека околу 147 милиони луѓе во земјата се соочуваат со последиците од пост-советскиот економски колапс.
Говорот се случува и во време кога Русија е се уште под западни санкции поради своите акции во Украина и Сирија, како и мерки поради мешањето на Москва во изборите во САД. Сето ова го погоди економскиот раст на земјата и ја зголеми стапката на сиромаштија.