Дванаесет хоспитализирани од грип, еден пациент во тешка состојба
Четири лица со компликации од грип од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести.
Меѓу заболените нема деца, информираат за МИА од Клиниката. Посочуваат дека пациентот во тешка здравствена состојба со грип и хронична белодробна болест е примен вчера и е сместен на Одделот за интензивна нега.
Инаку минатата недела здравствените власти соопштија дека расте бројот на заболени од грип во споредба со претходната недела. Од 6 јануари до 12 јануари се регистирани 583 заболени, што е зголемување за речиси три пати споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 207 случаи.