Сенатот расправа за отповикување на Трамп
![Сенатот расправа за отповикување на Трамп](https://gdb.rferl.org/928D80E9-2196-4115-82A1-EA80C1A354EC_w800_h450.jpg)
Историското судење за импичмент на републиканскиот претседател Доналд Трамп продолжи во Сенатот со недоразбирања меѓу спротивставените страни околу процедурата на целиот процес. Првата обврска на Сенатот кој го предводат републиканците е изјаснување за временската рамка на судењето што го предложи Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот. Според предлогот, демократите кои во случајот се обвинители и правниот тим на Трамп имаат по 24 часа во наредните два дена да ги претстават своите видувања. Меконал е за што побрзо завршување на процесот, односно тој најмногу да трае две недели. Адам Шиф, демократ кој е задолжен за обвинението изјави дека републиканците организираат наместен шроцес во сенатот. Трамп се наоѓа на Светскиот економски форум во Давос. Ова е трет случај во американската историја претседателот на државата да се соочува со можмо отповикување.