Зошто не се носи законот за управување со отпад?
![Зошто не се носи законот за управување со отпад?](https://gdb.rferl.org/0C8C95C9-2AEC-4D8F-9810-EA0FCAB91A90_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Различни ставови имаат парламентарните партии за предложениот закон со кој, меѓу другото, се предвидува да биде забранет увозот на отпад во земјава како извор на енергија. Додека опозициските партии велат дека забраната треба да биде усвоена, ставот на владејачката СДСМ е дека за измените се потребни дополнителни консултации во врска со спогодбите „кои земјава ги има потпишано со ЕУ уште во 2001 година.“ Побаравме одговор и од ДУИ, но партијата од владејачкото мнозинство не даде одговор дали ги поддржува предложените измени.