Две лица приведени за лажната дојава за бомба во Сити мол
![Две лица приведени за лажната дојава за бомба во Сити мол](https://gdb.rferl.org/DA1E8706-7DC2-473B-9FBF-DB098A281464_w800_h450.jpg)
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица по лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.
МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и оти по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.
Полициски екипи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.