Нови средби за законот за ЈО
![Нови средби за законот за ЈО](https://gdb.rferl.org/C18519DB-12F1-46F1-A1DF-2A1D2E67BE38_w800_h450.jpg)
Нова средба во поширок формат ќе се одржи денеска за надминување на разликите околу законот за Јавно обвинителство. Според најавите, првин ќе се одржат поединечни средби, а по нив и заедничка средба на работната група составена од претставници на парламенарните партии и експерти, во обид да се усогласи верзија на предлог-закон, која подоцна ќе се поднесе во Собранието.
По средбата на работната група во петокот завчера некои пратенички групи доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот. Заради доверба на процесот, од Министерството за правда рекоа дека нема да откриваат кои пратенички групи доставиле амандмани.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.
Мицкоски: Забелешките на експертите да се внесат во законот за ЈО
Останува отворено прашањето дали партиите ќе успеат да ги усогласат ставовите за да може Парламентот да го донесе законот до распуштањето на Собранието. На неопходноста од донесување на законот за ЈО изминатите денови укажуваа и внатрешните политички фактори, но и меѓународната заедница.
Ромео - Законот за Јавно обвинителство не е услов за датум, но е добар сигнал