Лондонската полиција уби напаѓач кој ранил две лица
![Лондонската полиција уби напаѓач кој ранил две лица](https://gdb.rferl.org/98232290-49F9-4158-880B-A1D3B683607A_w800_h450.jpg)
Лондонската полиција соопшти дека нејзини припадници убиле човек кој со нож ранил две лице во едно предградие на Лондон во инцидент означен како напад поврзан со тероризам. Се наведува дека напаѓачот имал во себе имитација на експлозивна направа кога полицајците го убиле. Полицијата не соопшти детали.