Грлиќ-Радман: Без одоложување да се отворат преговорите со Северна Македонија
Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Загреб изјави дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија, а земјата заслужила да ги почне преговорите.
„Се надевам дека одлуката за отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија треба да се донесе час поскоро и без некакво понатамошно одложување. Хрватска се надева дека ваквата одлука ќе биде донесено за време на нашето претседавање соУнијата, а ние напорно ќе работиме тоа да се случи. Документот на Европската Комисија за новата методологија на водење преговори ја истакнува европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, порача Грлиќ Радман.