САД ја обвинија Кина за хакерски напад
Американското министерство за правда ги обвини кинеските воени хакери дека во 2017 година влегле во компјутерската мрежа на агенција за кредитоспособни лица и од таму ги украле податоците на 145 милиони американски државјани во еден од најголемите хакерски напади. Државниот обвинител Вилијам Бар рече дека „големината на кражбата е неверојатна“ додавајќи дека имаат индиции за четворица војници на Кинеската ослободителна армија.
Случајот е последен во обидите на американските власти да ги искоренат кинеските шпионски операции во САД. Пекинг е обвинет за често крадење на американски комерцијални и други тајни податоци.
Кинеското министерство за надворешни работи ги отфрли ваквите тврдења, наведувајќи дека кинеската влада и војска никогаш не учествуваат во активности со трговија и кражба преку интернет.