Украинскиот претседател вработи лице поврзано со адвокатот на Трамп
![Украинскиот претседател вработи лице поврзано со адвокатот на Трамп](https://gdb.rferl.org/0E2C282A-AF62-4A09-BBF4-4E476E7ACA9A_w800_h450.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти од работа шефот на администрацијата Андриј Бохдам и на негово место го именува Андриј Јермак. Името на Јермак се поврзуваше со Рудолф Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателската одлука Бохдам да го замени со Јермак е објавена денеска на официјалната страница на претседателот.
Доказите и сведочењата за време на процедурата за импичмент на Трамп покажаа дека Џулијани се среќавал со Јермак за да притиска за истрагата која Трамп ја барал за својот демократски ривал Џо Бајден и врските на неговиот син со украинската енергетска компанија Бурисима. Американскиот претставнички дом кој е под контрола на демократите го отповика Трамп во декември поради задржување на воената помош на Украина за да изврши притисок врз Киев да покрене истрага против Бајден. Американскиот Сенат подоцна го ослободи Трамп.
Трамп ослободен од обвинувањата за импичмент