Бугарското обвинителство нареди проверка на приватизацијата
Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев и нареди на Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.
Проверката треба да ги опфати сите договори за приватизација, како биле исплаќани, независно од видот на платежните средства, како и сите преземени активности за спроведување на постприватизацискиот надзор.
ДАНС треба да утврди дали се собрани предвидените средства според приватизациските договори, камати, отштети и банкарски гаранции, во случај на нивно делумно или целосно неисполнување. Во опфатот на проверката треба да се изврши и анализа на ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија и какви дејствија биле преземени за исполнувањето на дадените наоди и препораки.
Бугарското обвинителство ги прекина сите контакти со претседателот Радев, води постапка против него