Три милиони Руси не може да патуваат во странство поради долгови
Повеќе од 3 милиони Руси се соочуваат со забрана за патување во странство од крајот на минатата година поради неплатен финансиски долг, објави Интерфакс, повикувајќи се на податоци од Федералната служба на судски извршители.
Во текот на минатата година, скоро 8 милиони Руси беа ставени на списокот за привремени забрани за патувања, при што околу две третини од нив го платиле својот долг до крајот на 2019 година. Нивниот комбиниран долг е еквивалент на 24 милиони долари. Привремените ограничувања на патувањето се применуваат кога долгот кон финансиска или судска институција е еднаква на 30.000 рубљи (475 долари) или повеќе.