Пад на довербата на Русите во Путин
Довербата на Русите во претседателот Владимир Путин се намалила во последните две години, покажува новото испитување на јавното мислење. Со ова е достигната довербата што Путин ја имаше во 2013 година кога се врати на претседателската позиција.
Испитувањето објавено денеска од независниот центар Левада е во согласност со други истражувања кои покажуваат пад во одобрувачкиот рејтинг на Путин кој е лидер во земјата на различни позиции од 2000-та година. Околу 35 отсто од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин повеќе отколку на другите политички фигури. Во ноември 2017 година тој процент изнесуваше 59 отсто.
Министрите за одбрана и за надворешни работи Сергеј Шојгу и Сергеј Лавров се двајцата политичари чиј рејтинг исто така останува висок. Директорот на центарот Левада Лев Гудков за Радио Слободна Европа вели дека падот од 24 отсто во рејтингот на Путин е навистина значителен и го покажува трендот на намалување на довербата. Падот во одобрувачкиот рејтинг доаѓа во проблематичен период за Кремљ во кој се водат дискусии за позицијата која би ја преземал Путин по истекот на неговиот втор, шест годишен претседателски мандат во 2024 година.
Руската влада поднесе оставка за да отвори пат за уставните измени