Белоруси осудени на 7 години затвор за штета на владин имот од 66 долари
Судот во Минск осуди двајца Белоруси на седум години затвор за оштетување на владин имот и користење запаливи средства. Микита Емелјанав и Иван Комар се прогласени за виновни за оштетување на зградата на притворското одделение на судот во Минск, како и за изработка на молотови коктели. Тие се во притвор од октомври. Според истражителите, Емелјанав во септември фрлал црвена боја на судот и предизвикал штета во износ од 65 американски долари. Следниот месец тој фрлил бомба пред влезот на судот која не експлодира и со тоа предизвикал штета од 0,7 американски долари. Комар ги снимал случувањата.