Османи и Димитров: Скопје очекува консензус во ЕУ за датум за преговори
Северна Македонија очекува консензус меѓу земјите членки на ЕУ за одлука за отворање на пристапните преговори пред мајскиот Самит во Загреб, истакнале вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата во Париз со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на францускиот претседател Емануел Макрон.
Во рамки на посетата двајцата владини функционери ќе имаат средба и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, а ќе се сретнат и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.