Спасовски чека од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за функцијата на Мизрахи
![Спасовски чека од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за функцијата на Мизрахи](https://gdb.rferl.org/0E3EE57E-204D-4D0C-ACE8-647B00CCA664_w800_h450.jpg)
Премиерот Оливер Спасовски денеска за неговото барање испратено до Собранието за разрешување на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи изјави дека нема да правел компромис со почитување на Устав и на законот. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско дали размислува, за да се избегне политичка криза, да го повлече барањето за разрешување на Мизрахи.
„Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам“, изјави Спасовски.
Инаку барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во министерството пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во министерството кога ја презела функцијата и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции. Според Уставот за предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.
Премиерот Спасовски предложи разрешување на министерката Мизрахи
Министерот за надворешни работи Никола Димитров викендов рече дека добил вербална нота од Грција за прекршување на договорот од страна на Мизрахи и му сугерираше на Спасовски да предложи нејзино разрешување до Собранието.
Димитров сугерира оставка од Мизрахи за смена на таблата на Министерството за труд и социјала