Светскиот мобилен конгрес во Барселона откажан поради коронавирусот
Светскиот мобилен конгрес во Барселона, најголемиот светски саем на мобилна технологија, нема да се одржи поради епидемијата на респираторна инфекција предизвикана од новиот вид на коронавирус од Кина. Саемот требаше да се одржи од 24 до 27 февруари. Одлуката за откажување била донесена откако десетина технолошки компании го откажале учеството, меѓу нив Нокиа, Водафон, Дојче телеком, Сони, Амазон. Се очекуваше саемот да привлече над 100.000 посетители од околу 200 земји, вклучувајќи и илјадници од Кина од каде што се прошири смртоносната епидемија.