Османи и Димитров во посета на Париз
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во работна посета на Француската Република. Централна тема на средбите што ќе ги имаат Османи и Димитров ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на одлучувањето во Советот на ЕУ, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.