Еспер:Талибанците и САД преговараа за избегнување на насилството
Соединетите држави и Талибанците преговараа за „предлогот“ за едно неделно избегнување на насилства, изјави американскиот секретар за одбрана Марк Еспер пред новинарите во Брисел.
Еспер рече дека повлекувањето на трупите и натамошните преговори со милитантите ќе продолжат по опаѓање на насилствата.
„Соединетите држави и Талибанците преговараа за предлогот за седумдневно избегнување на насилството. Ние заедно кажавме дека најдоброто решение во Авганистан е политички договор“, изјави тој.
Напредокот во избегнување на насилството може да придонесе во директните мировни преговори меѓу милитантите и авганистанската влада за да се стави крај на скоро дведецениската војна.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг еден ден претходно потврди дека алијансата „целосно ги поддржува мировните напори предводени од САД, што може да отвори патот за внатре-авганистански разговори.“ Говорејќи на самитот на НАТО во Брисел на кој присуствуваше и Еспер, Столтенберг рече дека милитантите „треба да докажат дека се подготвени и способни да придонесат за намалување на насилството и да придонесат за мир со добра волја“.