Сирискиот парламент го призна геноцидот врз Ерменците
Сирискиот парламент соопшти дека го призна масовното убиство на Ерменците во Отоманската империја пред еден век како геноцид
Членовите на Народното собрание едногласно усвоија резолуција во која се осудува и признава „геноцидот извршен врз Ерменците од страна на Отоманската држава на почетокот на 20 век“
За време и по Првата светска војна , Османлиските Турци убиле или депортирале дури 1,5 милиони Ерменци - христијанско малцинство во претежно муслиманската империја. Многу историчари и држави сметаат дека овие убиства се геноцид.
Турција,која е членка на НАТО, се спротивставува на употребата на зборот геноцид. Анкара тврди дека смртните случаи биле резултат на граѓански судири, а не на планирани напори на Отоманската влада за уништување на Ерменците.Турција исто така тврди дека загинале помалку Ерменци отколку што е објавено.
Најмалку 23 држави официјално го признаа масовното колење и депортацијата како геноцид.