Почна изборната кампања во Иран
Една недела долгата изборна кампања за парламентарни избори во Иран почна денеска со 7000 кандидати за 290 места во парламентот. Изборите што треба да се одржат на 21 февруари се сметаат за натпревар меѓу радикалите и конзервативците откако повеќето про-реформски и умерени кандидати беа дисквалификувани.
Гласањето исто така ќе биде тест за популарноста на претседателот Хасан Рохани кој се обидува да ги подобри животите на луѓето во земјата која е под американски економски санкции. Според експертите растечкото незадоволство за иранската економија и отстуството на транспарентен и фер избирачки процес може да влијаат врз намалување на излезноста.
Рохани го критикуваше Советот на експерти, радикално тело кое ги одобрува сите кандидати, откако тие дисквалификуваа стотици луѓе кои сакаат да учествуваат во изборната трка, меѓу кои и 90 актуелни пратеници.
Рохани побара од Иранците да гласаат на парламентарните избори
Рохани деновиве побара од иранските гласачи да излезат на претстојните парламентарни избори. Врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи исто така повика на голема излезност наведувајќи дека гласањето е акт на патриотизам во време на зголемени тензии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.