„Рекет“- снимките на Камчев како докази во судница
Одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет” ги оцени како неавтентични снимките објавени во италијанскиот весник ,,Ла Верита”, кои денеска се презентираат во Кривичен суд како докази од сведокот Јордан Камчев. Според Сашко Дукоски, адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, Камчев кој е сведок во „Рекет“ ги доставил овие материјали до обвинителството бидејќи е осомничен во друг предмет „Империја“ и негова цел е Боки 13 да се прогласи за виновен.
Обвинителката Вилма Русковска претходно кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки. Обвинетиот Боки 13 истакна дека стануваа збор за груба аматерска монтажа.
Обвинителството не открива дали ја има снимката со Камчев и Боки 13 што ја објави „Ла Верита“
Во повеќето презентирани разговори се слушаа гласовите на Јовановски и на Камчев, во некои од нив се вклучува и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и други лица.
Тие се зборуваат за случајот „Империја“ постапките пред Апелациониот и Врховниот суд поврзани со тој случај, а Боки 13 споменува дека„Јанева нема да употреби правни лекови“. Камчев, пак, во друга снимка зборува за тоа дека сумата и износот се договорена работа. Во еден аудио материјал Боки 13 кажува како ќе се одвива постапката, сè до враќањето на пасошот на Камчев одземен поради случајот „Империја“, споменува спогодба со СЈО за да се запре истрагата, а Јанева вели: не се секирај, се ќе биде ок.
Инаку денешното рочиштене не почна навреме поради задоцнетото спроведување во судот на Јанева од домашен притвор. Во случајот обвинети се Јанева, Јовановски и Зоран Милевски. Според обвинението, тие се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Камчев во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна.
Во „Рекет“ фотографии и снимки од Катица Јанева