Времето денеска сончево и тивко
Времето денеска ќе биде ведро и претежно тивко, а во текот на денот ќе биде сончево со максимална температура од 9 до 15 степени, според УХМР. Во Скопје времето ќе биде сончево со температура до 12 степени.
Утрово најстудено беше во Берово каде беа измерени -6 степени, а максимални четири степени се измерени во Дојран.