Прва жртва на коронавирусот во Италија
78-годишен Италијанец почина од коронавирусот, со што стана прва жртва во Европа на смртоносната болест од која загинаа над 2.300 луѓе во Кина.
Италијанскиот министер за здравство рече дека човекот од регионот Венето, кој бил позитивен на тестот за вирусот, починал во болницата откако бил примен за друг здравствен проблем.
Во 10 градови во Италија градските власти апелираа граѓаните да останат дома а забратени се јавните активности.
Лука Заја, шеф на регионот Венето, рече дека ќе се создаде „санитарен прстен“ околу селото каде што живеел човекот и дека ќе бидат тестирани сите 3.300 жители. Од околу 50.000 луѓе е побарано да останат дома во околните области, додека сите јавни активности, како карневалските прослави, црковните маси и спортските настани се забранети до една недела.
Властите соопштија дека пет лекари и 10 други лица биле позитивни на тестот за вирусот во соседна Ломбардија. Претходниот случај на смрт пријавен во Европа беше на 80-годишниот кинески турист, кој почина во Франција на 16 февруари.