Протест во Кочани против загадување од фабрика за хартија
Гаѓаните на Кочани денеска излегоа на нов протест за чист воздух пред фабриката за хартија „Пејпар мил“, незадоволни од реакцијата на институциите поради загадувањето од фабричкиот оџак.
Тие еден час го блокираа влезот на компанијата противеjќи се на испуштањето густ и задушлив чад што им влегува во домовите, а за што веќе повеќепати имаа реакции во јавноста.
"Во ноември лани имавме јавна расправа со претставници од компанијата и од надлежните институции, ни беше ветено дека ќе се стават филтри. Неколку пати баравме но податоци од мерењата за загадувањето од фабриката, досега не ни се дадени. Ќе бараме отштета за труењето што ни се случува од минатото лето. Бараме наместо пелети во производството повторно да се користи метан или производството да се премести на оддалеченост поголема од два километри од најблиските куќи, како што законски е пропишано, изјави Орце Николов од граѓанското здружение „Грин“ кое го организираше протестот.
Учесниците на собирот се пожалија дека веќе се појавиле и првите здравствени проблеми, особено меѓу децата и помладите, од кои дел завршиле на Клиниката за белодробни заболувања.