ЕК: Турција официјално не соопшти промена во политиката кон мигрантите
Турција се уште официјално не соопштила промена во нејзината политика кон бегалците на нејзината територија, рече денеска портпаролот на Европската комисија Петар Стано. Овој негов коментар доаѓа по извештаите дека Турција нема да ги спречува бегалците од Сирија да тргнат кон Европската унија.
Турција нема да ги спречува бегалците од Сирија на пат кон Европа
Стано додаде и дека ЕК очекува од Анкара да се држи до обврските за контрола на мигрантските текови кон Европската унија.
Во меѓувреме грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис телефонски дискутираше со германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Турција и движењето на мигрантите кон грчката граница. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, изјави дека Бугарија ги заострила мерките откако група мигранти се упатиле кон границата.
„Имаме информации за формирање на големи групи … Ние воспоставуваме максимална контрола на границите“, рече Борисов за време на владиниот состанок.
Заострување на конфликтот во Сирија, НАТО застана зад Турција