Прилепскиот карневал за Прочка е откажан
Прилеп го откажа одржувањето на меѓународниот карневал „Прочка 2020“ според препораките на Министерството за здравство, соопшти денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Тој изрази жалење за откажувањето на Карневалот, што е долгоочекувана голема манифестација, но сѐ е во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.
Јованоски нагласува дека Карневалот е откажан а не одложен како што е препораката од седум дена, зашто нема смисла да се одржува дополнително, бидејќи е поврзан со празникот Велики Поклади-Прочка.