Во Чешка осуден верски лидер поради финансирање тероризам
Поранешен муслимански верски лидер Самер Шехаде кој живеел во Прага е осуден на 10 години затвор поради финансирање и помагање тероризам.Тој беше обвинет дека им помогнал на неговиот брат, а подоцна и на снаата да отпатуваат во Сирија за да се приклучат на терористичка група. Дополнително се товари и за финансирање на истата терористичка група која се обидува да го замени режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад со исламска држава. Покрај имамот, во овој случај беа обвинети уште две лица кои добиле казна затвор од 11 и 6 години, но ним им се судеше во отсуство.Шехаде не ги негираше обвиненијата, но рече дека не го смета за кривично дело тоа што не ја признава сириската влада и дека групата на која и помагал според него не била терористичка.