„Соблечени...“ - изложба која ја преиспитува положбата на жената во современото општество
„Соблечени, женскиот акт како контекст“ е насловена изложбата која ќе биде отворена в четврток, на 5 март во 19.30 часот, во Чифте амам во Националната галерија. Со поставката се величи жената како неисцрпен мотив, а ќе бидат изложени дела на значајни творци од колекциите на Галеријата.