Предизборен маркетинг или искрена грижа за градот?
По најавите на градскиот татко дека ќе ја отстранува првата од трите галии на кејот на Вардар, дел од критичката јавност смета дека ова е уште една мерка во предизборни цели. Други пак велат дека најважна е безбедноста на граѓаните, а не мотивите поради кои тоа се прави