„Песот со тажен поглед“ на Оливера Николова – „Роман на годината“ за 2019
Во конкуренција од 38 дела на конкурсот на Фондацијата „Славко Јаневски“, „Песот со тажен поглед“ на Оливера Николова и издание на Матица Македонска е избран за „Роман на годината“ за 2019. Писателката е прва од досегашните лауреати која оваа награда ја добива по втор пат.